Tuesday, December 8, 2009

АКТУЕЛНО

ООМБУ“Лазо Мицев – Рале“ врши анкета за утврдување на бројот на потенцијални ученици во потенцијалното средно училиште

АНКЕТЕН ЛИСТ

ДАЛИ СВОЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ БИ ГО

ПРОДОЛЖИЛЕ ВО

„ДРЖАВНИОТ МУЗИЧКИ УЧИЛИШЕН ЦЕНТАР“

ВО КАВАДАРЦИ

Иницијативата за отварање ДМУЦ во Кавадарци е поддржана едногласно од девет градоначалници на општините од ВАРДАРСКИОТ РАЗВОЕН РЕГИОН, и во тек е процедурата за реализација на истата.

Предвидено е отварање на две насоки:

· Музичар теоретичар

· Музичар изведувач

Покрај изучувањето на стручните предмети, наставните планови предвидуваат и општи предмети:

1. македонски јазик и литература,

2. два странски јазици,

3. информатика,

4. историја.

Покрај стручните и општите предмети , во трета и четврта година се предвидени атрактивни предмети:

1. музички фолклор,

2. џез и популарна музичка култура,

3. естетика,

4. сонологија,

5. бизнис и претприемништво.

Можно е изучување на инструментите: пијано, флејта, виолина, труба, хармоника, кларинет, соло - пеење, народни инструменти ( гајда, кавал, тамбура, ударни)....

За упис во некои насоки е потребно основно музичко образование, а за некои не е потребно.

Повеќе информации на 043 415 029