Tuesday, October 5, 2010

ПРВ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР КАМЕРНА МУЗИКА - КАВАДАРЦИ

Кавадарци 2-4 ноември 2010

Член 1
Прв меѓународен натпревар „КМК“ ќе се одржи во организација на ООМБУ „ЛАЗО МИЦЕВ РАЛЕ“ – КАВАДАРЦИ, во салата на ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „ИВАН МАЗОВ КЛИМЕ“ – КАВАДАРЦИ, од 4. до 6. Ноември 2010.година
Член 2
КМК се одвива според правилникот и пропозициите на натпреварот. Со правилникот се регулира елементи од организацијата на натпреварот, а со пропозициите програми, категории и дисциплини на натпреварувачите.
Член 3
КМК ги опфаќа следните ДИСЦИПЛИНИ:

1. Дуо ( 2 истородни или разнородни инструменти, или пијано четирирачно)
2. Дуо со пијано - инструмент или глас со пијано
3. Трио - 3 било кој инструмент(и) или глас(ови)
4. Квартет - 4 било кој инструмент(и) или глас(ови)
5. Квинтет - 5 било кој инструмент(и) или глас(ови)
6. Секстет - 6 било кој инструмент(и) или глас(ови)
7. Септет - 7 било кој инструмент(и) или глас(ови)
8. Октет - 8 било кој инструмент(и) или глас(ови)
9. ЕТНО СОСТАВИ - до 8 народни инструменти или глас(ови)

Член 4
Од 1ва до 8ма дисциплина натпреварувачите се поделени во следните КАТЕГОРИИ:
Категорија А - родени 1999 и помали ( програм до 6 мин.) Категорија Б – родени 1996 и помали (програм до 10 мин.) Категорија Ц– родени 1992 и помали ( програм до 15 мин.)
Во 9та дисциплина натпреварувачите се поделени во следните КАТЕГОРИИ:
Категорија А – родени 1996 и помали (програм до 10 мин.) Категорија Б – родени 1992 и помали ( програм до 15мин.)


Член 5

* Програмот е по слободен избор до определено траење
* Програмот се изведува од ноти
* Можно е користење на транскрипции
* Сите состави се составени исклучиво од ученици
* Категорија се определува според највозрасниот ученик во составот

Член 6
Рокот за поднесување пријави е 01.10.2010.год, на адреса

* ООМБУ „ЛАЗО МИЦЕВ – РАЛЕ“




"Браќа Mиладиновци" бб, 1430 КАВАДАРЦИ,
* e-mail: lazomicev_rale@yahoo.com

Член 7
За пријавување е потребно да се поднесат во пропишан рок:

* уредно пополнета пријава




http://uploading.com/files/a5af5m99/%25D0%25
* копија од изводот на матична книга на родените
* потврда за платена котизација

Котизација изнесува :
А – категорија 20 евра (1200 ден.) за една пријава
Б – категорија 25 евра (1500 ден.) за една пријава
Ц – категорија 30 евра (1800 ден.) за една пријава
Котизацијата се уплатува на жиросметка на училиштето:
732 010 831178719 Приходна шифра: 723 119
Учесниците од странство котизацијата може да ја уплатат во просториите на училиштето, два часа пред настапот.
Во случај на откажување на настапот, котизација не се враќа.
Член 8
Натпреварувачите ги оценува жири именувано од организаторот на натпреварот, а составено од еминентни професори, со големо искуство во членување во меѓународни жири-комисии.
Член 9
На натпреварувачите се доделлуваат дипломи за учество, а на најуспешните и награди.
Максимална оценка се 100 бодови , а за награди е потребен следниот број бодови:

* ПРВА НАГРАДА најмалку 90 бодови
* ВТОРА НАГРАДА најмалку 80 бодови
* ТРЕТА НАГРАДА најмалку 70 бодови

Член 10
Бројот на награди не е ограничен.
Жирито доделува и други награди од спонзори и покровители на натпреварот.
Првонаградениот состав со највисок пласман (најмногу бодови) во секоја од категориите ќе биде прогласен за ЛАУРЕАТ.
Член 11
Учесници на КМК сами ги сносат трошоците за патот и престојот во Кавадарци.
Член 12
Наградите се доделуваат на ЗАВРШНИОТ КОНЦЕРТ.
Член 13
Организаторот нуди можност на купување на снимениот материјал.
Член 14
Организаторот го задржува правото на снимање, репродукција и емитување на снимените материјали. Натпреварувачите немаат право на надомест за снимките од нивните изведби.



Директор на училиштето
Весна Арангелова +389(0)70 847 451

Wednesday, June 16, 2010

РЕВИЈА НА НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ











натпревари на кои ученивите можат да се пријавуваат:

www.penchev-trumpet.free.bg

www.ohridskibiseri.org.mk



Меѓународен арт фестивал - натпревар

“Езерски бисери”

Струга, Македонија

06 - 16 август 2010

ezerski biseri logo 2007



В А Ж Н О ! ! !



Фестивалот оваа година го зголемува наградниот фонд. Покрај постоечките награди (Грантовите за бесплатно музичко образование на Институтот за современа уметност во Москва – секој по 20.000 евра, и 1.000 евра за Гран При на фестивалот) решивме дополнително да го стимулираме натпреварот во класика. Најдобрите учесници во секоја номинација ќе добијат по 100 евра. Бидејќи не смееме да го занемариме и трудот на наставникот, решивме со 100 евра да го наградиме и присутниот наставник на наградениот учесник.



Линкови од Гала концертот:

http://www.youtube.com/watch?v=cjmgvkuEsXs

http://www.youtube.com/watch?v=cdY59nC01nA

http://www.youtube.com/watch?v=vG41xTzm460

http://www.youtube.com/watch? v=vc3Obovtcas

http://www.youtube.com/watch?v=8ZFbDus-CyI

Wednesday, May 26, 2010

НАСТАНИ


Семинар за труба за учениците од ООМБУ Лазо Мицев Рале одржа проф. магистер ВАСО РИСТОВ (магистрира во Софија, работи како професор на ФМУ - Скопје) Семинарот заврши со концерт на 10. мај на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје. На концертот заеднички настапија нашите ученици и студенти на лимени дувачки инструменти од ФМУ.

Семинар за ученици по пеење од ООМБУ Лазо Мицев Рале одржа СОПРАН проф- магистер ВЕСНА ДУГАНОВА ( магистрира и работи на конзерваториумот Санта Чечилија во Рим) Семинарот заврши со снимање на Детска музичка емисија која ке биде емитувана на КТВ.

Monday, May 17, 2010

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПИЈАНО СКОПЈЕ 2010

Успешно учество на учениците од ОМБУ Лазо Мицев - Рале на 14-15 мај

Во класа на проф.Ана Арангелова
Даниела Јованова, втора награда
Дарко Мирчески , втора награда

Во класа на проф.Весна Павлова
Ристе Спанџов, прва награда
Александар Ташев, втора награда

Во класа на проф.Јелица Лазарова
Ристова Христина, трета награда

Monday, May 10, 2010

УПИС НА УЧЕНИЦИ

Во тек е упис на нови ученици секој работен ден од 8 до 14 часот со извод од матична книга.

6 години виолина и пијано
9 години хармоника, труба, флејта, кларинет, балет
11 години пеење

Thursday, April 15, 2010

48 ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПИЈАНО И ВИОЛИНА

На државниот натпревар учениците постигнаа значителни резултати:
Анастасија Голчева, пиајно класа проф.Весна Павлова втора награда
Тодор Спанџов, пијано класа проф.Ана Арангелова прва награда
Ивана Јанакиева, пијано класа проф.Ана Арангелова прва специјана награда


Елена Ристова, виолина класа проф. Лазо Атанасов трета награда
Александра Петровска виолина класа проф.Лазо Атанасов пофалница
Диана Мирчевска виолина класа проф. Лазо Атанасов трета награда

Monday, April 5, 2010

40 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ И РАБОТА НА ООМБУ ЛАЗО МИЦЕВ - РАЛЕ

Со музиката негувај го човекот во себе, 40 години постоење и работа 311 ученика, 18 професори, 9 отсека



Прогласени првеници на генерацијата:



Десанка Димитрова пијано











Тодор Ушитков хармоника











Ване Димов труба










Ѓорѓи Димитров кларинет













Александра Ѓелова, балет


По повод јубилејот на ООМБУ Лазо Мицев - Рале се одржа концерт во Дом на културата во Кавадарци на поранешни ученици на музичко училиште, денес успешни педагози како и активни солисти кои настапуваат во земјата и надвор од неа

Tuesday, March 30, 2010

XI МЕЃУНАРОДНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ НА МЛАДИ ПИЈАНИСТИ ВО НИШ

Ниш, 25-29 март 2010 година

На натпреварувањето во Ниш, учениците од музичкото училиште Лазо Мицев - Рале во класа на проф.Ана Арангелова ги освоија следние награди:

категорија соло:
Јанаќиева Ивана, втора награда
Спанџов Тодор, втора награда


категорија дуо:
Јанаќиева Ивана и Спанџов Тодор , прва награда (лауреат во категоријата)





Директорката Весна Арангелова на завршниот концерт со учениците во собранието на град Ниш.

Во рамките на посетата на натпреварот директорката оствари контакт со музичкото училиште во Лесковац каде со тамошната директорка договорија соработка.










трофеи за најдобрите во Ниш

Thursday, March 11, 2010

НАТПРЕВАР ВО БЕЛГРАД

Од 05-07 март се одржа натпревар за дувачки инструменти во Белград.
На натпревартот за кларинет ученикот Јован Јованов во класа на професор Пешо Бошков го освои второто место

ДВАНАЕСТИ СРЕДБИ НА ФЛЕЈТИСТИ



ДВАНАЕСТИ СРЕДБИ НА ФЛЕЈТИСТИ
„ТАХИР КУЛЕНОВИЌ“
ОДРЖАНИ ОД 27.02 ДО 1.03 2010 ВО ВАЉЕВО, Р.СРБИЈА

УЧЕСНИЦИ: 60 ФЛЕЈТИСТИ ОД Р.СРБИЈА. ЦРНА ГОРА, МАКЕДОНИЈА И ФЕДЕРАЦИЈА НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ВО КАТЕГОРИИ НА ОСНОВНИ МУЗИЧКИ УЧИЛИШТА , СРЕДНИ МУЗИЧКИ УЧИЛИШТА И ФАКУЛТЕТИ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ.


ОД ООМБУ“ Лазо Мицев – Рале “ од Кавадарци
2 МЛАДИ ФЛЕЈТИСТКИ - 6 НАЈВИСОКИ НАГРАДИ

ПАНДОРКА ЈАНАКИЕВА- СОЛО ФЛЕЈТА ПРВА НАГРАДА ВО КАТЕГОРИЈА НА ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ НА ОСНОВНИ МУЗИЧКИ УЧИЛИШТА


ПАНДОРКА ЈАНАКИЕВА- СОЛО ФЛЕЈТА ЛАУРЕАТ ВО КАТЕГОРИЈА НА
ОСНОВНИ МУЗИЧКИ УЧИЛИШТА


ЖАНЕТА ТРЕНЧЕВА - СОЛО ФЛЕЈТА ПРВА НАГРАДА ВО КАТЕГОРИЈА НА ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ НА ОСНОВНИ МУЗИЧКИ УЧИЛИШТА


ЖАНЕТА ТРЕНЧЕВА - СОЛО ФЛЕЈТА ЛАУРЕАТ ВО КАТЕГОРИЈА НА ОСНОВНИ МУЗИЧКИ УЧИЛИШТА


ПАНДОРКА ЈАНАКИЕВА И ЖАНЕТА ТРЕНЧЕВА - ДУО ФЛЕЈТИ ПРВА НАГРАДА ВО КАТЕГОРИЈА КАМЕРНИ СОСТАВИ

ПАНДОРКА ЈАНАКИЕВА И ЖАНЕТА ТРЕНЧЕВА – ДУО ФЛЕЈТИ ЛАУРЕАТИ ВО КАТЕГОРИЈА НА КАМЕРНИ СОСТАВИ НА ОСНОВНИ МУЗИЧКИ УЧИЛИШТА

Двете ученички се во класата на проф. Силвана Чулева Атанасова , а настапија со пијано придружба на проф. Ана Арангелова

Wednesday, January 20, 2010

БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ

Дом на култура Иван Мазов Климе
07.01.2010 (18 часот)
Концерт посветен на големиот Христијански празник Божиќ
учесници поранешни ученици на ОМБУ Лазо Мицев - Рале, професори од ОМБУ Лазо Мицев - Рале и гости од средно музичко училиште од Битола