Tuesday, October 5, 2010

ПРВ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР КАМЕРНА МУЗИКА - КАВАДАРЦИ

Кавадарци 2-4 ноември 2010

Член 1
Прв меѓународен натпревар „КМК“ ќе се одржи во организација на ООМБУ „ЛАЗО МИЦЕВ РАЛЕ“ – КАВАДАРЦИ, во салата на ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „ИВАН МАЗОВ КЛИМЕ“ – КАВАДАРЦИ, од 4. до 6. Ноември 2010.година
Член 2
КМК се одвива според правилникот и пропозициите на натпреварот. Со правилникот се регулира елементи од организацијата на натпреварот, а со пропозициите програми, категории и дисциплини на натпреварувачите.
Член 3
КМК ги опфаќа следните ДИСЦИПЛИНИ:

1. Дуо ( 2 истородни или разнородни инструменти, или пијано четирирачно)
2. Дуо со пијано - инструмент или глас со пијано
3. Трио - 3 било кој инструмент(и) или глас(ови)
4. Квартет - 4 било кој инструмент(и) или глас(ови)
5. Квинтет - 5 било кој инструмент(и) или глас(ови)
6. Секстет - 6 било кој инструмент(и) или глас(ови)
7. Септет - 7 било кој инструмент(и) или глас(ови)
8. Октет - 8 било кој инструмент(и) или глас(ови)
9. ЕТНО СОСТАВИ - до 8 народни инструменти или глас(ови)

Член 4
Од 1ва до 8ма дисциплина натпреварувачите се поделени во следните КАТЕГОРИИ:
Категорија А - родени 1999 и помали ( програм до 6 мин.) Категорија Б – родени 1996 и помали (програм до 10 мин.) Категорија Ц– родени 1992 и помали ( програм до 15 мин.)
Во 9та дисциплина натпреварувачите се поделени во следните КАТЕГОРИИ:
Категорија А – родени 1996 и помали (програм до 10 мин.) Категорија Б – родени 1992 и помали ( програм до 15мин.)


Член 5

* Програмот е по слободен избор до определено траење
* Програмот се изведува од ноти
* Можно е користење на транскрипции
* Сите состави се составени исклучиво од ученици
* Категорија се определува според највозрасниот ученик во составот

Член 6
Рокот за поднесување пријави е 01.10.2010.год, на адреса

* ООМБУ „ЛАЗО МИЦЕВ – РАЛЕ“




"Браќа Mиладиновци" бб, 1430 КАВАДАРЦИ,
* e-mail: lazomicev_rale@yahoo.com

Член 7
За пријавување е потребно да се поднесат во пропишан рок:

* уредно пополнета пријава




http://uploading.com/files/a5af5m99/%25D0%25
* копија од изводот на матична книга на родените
* потврда за платена котизација

Котизација изнесува :
А – категорија 20 евра (1200 ден.) за една пријава
Б – категорија 25 евра (1500 ден.) за една пријава
Ц – категорија 30 евра (1800 ден.) за една пријава
Котизацијата се уплатува на жиросметка на училиштето:
732 010 831178719 Приходна шифра: 723 119
Учесниците од странство котизацијата може да ја уплатат во просториите на училиштето, два часа пред настапот.
Во случај на откажување на настапот, котизација не се враќа.
Член 8
Натпреварувачите ги оценува жири именувано од организаторот на натпреварот, а составено од еминентни професори, со големо искуство во членување во меѓународни жири-комисии.
Член 9
На натпреварувачите се доделлуваат дипломи за учество, а на најуспешните и награди.
Максимална оценка се 100 бодови , а за награди е потребен следниот број бодови:

* ПРВА НАГРАДА најмалку 90 бодови
* ВТОРА НАГРАДА најмалку 80 бодови
* ТРЕТА НАГРАДА најмалку 70 бодови

Член 10
Бројот на награди не е ограничен.
Жирито доделува и други награди од спонзори и покровители на натпреварот.
Првонаградениот состав со највисок пласман (најмногу бодови) во секоја од категориите ќе биде прогласен за ЛАУРЕАТ.
Член 11
Учесници на КМК сами ги сносат трошоците за патот и престојот во Кавадарци.
Член 12
Наградите се доделуваат на ЗАВРШНИОТ КОНЦЕРТ.
Член 13
Организаторот нуди можност на купување на снимениот материјал.
Член 14
Организаторот го задржува правото на снимање, репродукција и емитување на снимените материјали. Натпреварувачите немаат право на надомест за снимките од нивните изведби.



Директор на училиштето
Весна Арангелова +389(0)70 847 451