Со редовна настава училиштето започнало на 1-ви Февруари 1970 год. Во 1970 год. тогашниот Декан на ВМШ од Скопје, академик проф.Властимир Николовски пратил телеграма во Кавадарци до ново-формираното : ....Најмладото, тринаесетто по ред ОМУ во Република Македонија, со желби истото да стане расадник на млади таленти....
ОМБУ Лазо Мицев - Рале својата дејност во учебната 2008/2009 година ја изведуваше во училишната зграда на локација ул Партизанска бб и нова училишна зграда на ил. Браќа Миладиновци бб. Новата училишна зграда ги исполнува сите стандарди на една современа образовна институција. Во текот на учебната година поставени се компјутерски инсталации, а во тек е приклучување бесплатен интернет.
МИСИЈА Во светот каде знаењето е моќ е културата и уметноста богатство ОМБУ Лазо Мицев - Рале - Кавадарци со голем успех ја извршува својата мисија: РАСАДНИК НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ -ги оспособува младите таленти за понатамошно напредување и образование -перманентно ги создава условите за презентација на усвоените технички и естетски врености на концертно натпреварувачки сцени -соработува со асоцијацијата на музички педагози со цел да обезбеди услови младите таленти да го достигнат својот развој
ВИЗИЈА Визијата на ОМБУ Лазо Мицев - Рале - Кавадарци е да ги подготвува учениците на нјдобар можен начин за натамошно вклучување во повисоките инстанци на образованието. Визијата на ОМБУ Лазо Мицев - Рале - Кавадарци и и самото да прерасне во повисока образовна институција: од општинско основно во Државно средно училиште. За да се оствари оваа визија нашето училиште: -ќе работи кон континуирано подобрување на наставата а со тоа и на зголемување на задоволството на учениците и вработените -перманентно ќе го усовршува наставниот кадар -ќе ја промовира важноста на професаниолизмот
ПОД МАСКИ
Новогодишен концерт, декември 2008 во просториите на музичкото училиште
No comments:
Post a Comment